Специјалното обвинителство апсеше додека држеше прес

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на денешната прес конференција ја  најави првата акција под името „Титаник“, поврзани со изборите.

После огромен број на преземени предистражни дејствија произлезе основано сомнение дека одредена група на луѓе со целокупно криминализирање на изборниот процес направиле кривични дела. Се работи за кривичните дела злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избираите, поткуп при избори и гласање, уништување на изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања, беше објавено на прес конференцијата.

Осомничени се поранешни министри и лица од Владата, како и пет судии од Управниот суд,  а како што беше кажано, едно лице е веќе  уапсено, а за осум лица е побарано мерка притвор. Обвиненија се покренати и против четиири членови на ДИК од 2013 година, а со оваа постапка се опфатени се членови на општинска изборна комисија во Чаир.

Јанева денеска на политичката прес-конференција рече дека правдата ќе победела, а за тоа ја охрабрувала и поддршката од меѓународната заедница.

Таа најотворено ја покажа пристрасноста на дело и воедно ги потврди пишувања на дел од медиумите дека таа и опозицискиот лидер имаат заеднички план за дејствување, односно токму Јанева е главниот адут на Заев на предвремените парламентарни избори.