петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 21

Грантови од 615.000 денари за брзорастечки мали компании

Новата мерка, што ќе се реализира годинава, денеска ја најавија заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски и претседателот на Бизнис конфедерацијата на Република Македонија Миле Бошков.

Грантови од по 615.000 денари за брзорастечки мали компании

Грантови од по 615.000 денари за брзорастечки мали компании

Последни вести

Финансиска поддршка во висина од 615 илјади денари по компанија за отворање до три работни места ќе овозможи новата пилот-мерка „Финансиска поддршка на брзорастечки микро и мали компании или т.н. газели“.

Новата мерка, што ќе се реализира годинава, денеска ја најавија заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски и претседателот на Бизнис конфедерацијата на Република Македонија Миле Бошков.

– Се предвидува со буџетот кој го обезбедивме во висина од 6 милиони и 650 илјади денари финансиски да ги поддржиме најуспешните микро и мали компании кои успешно работат изминатите неколку години, бележат раст и развој и имаат бизнис план за понатамошен развој на сопствената компанија и за зголемување на бројот на вработени, нагласи Спасов.

Со оваа мерка и со оваа финансиска поддршка, како што рече, ќе се поттикне понатамошниот развој на мали и микро компании, особено во областа на производството и современи услуги, како на пример информатичките технологии.

Спасов изрази надеж дека оваа мерка ќе биде успешна и оти понатаму ќе влезе како стандардна мерка во Оперативните планови на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување.

– Бизнис конфедерацијата на Република Македонија, која е реализатор на оваа мерка, во рангирањето на најуспешните микро и мали компании, кои ќе добијат финансиска поддршка од 615 илјади денари ќе вклучи претставници од сите стопански комори и сојузи во Македонија. Се со цел да имаме претставници од сите организации на бизнис заедницата, кои ќе учествуваат во рангирањето на компаниите, рече Спасов.

Директорот Поповски ги повика сите микро и мали компании кои постојат пред 2012 година, имаат најмалку двајца вработени и позитивно салдо во последните три години да аплицираат и да бидат дел од оваа програма. Тој изрази надеж дека ќе се изберат најквалитетните фирми од Македонија. Пријавувањето е од денеска до 12 март.

– Со оваа активност, односно промовирање на газелите како добар пример на водење бизнис, особено кај мали и микро компании ќе поттикнеме одржливост, знаење, квалитет и опстојност во македонската економија, рече Бошков.

Најчитани вести