среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Средба Димитриев -Тајани

Претседателот на Владата за спроведување на изборите Димитриев се заблагодари на поддршката која Европскиот парламент ја дава на нашата земја.

Средба Димитриев -Тајани

Средба Димитриев -Тајани

Последни вести

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денес оствари средба со Антонио Тајани, потпретседател на Европскиот парламент.

Соговорниците дадоа позитивна оценка за соработката на Република Македонија и Европскиот парламент и истакнаа заложба за нејзино унапредување во сите сфери од заемен интерес.

-Беше разговарано за реформите кои се спроведуваат во нашата земја и се значајни за унапредување на стандардите значајни за европските и евроатлански интеграциски процеси. Претседателот на Владата за спроведување на изборите Димитриев се заблагодари на поддршката која Европскиот парламент ја дава на нашата земја. Потпретседателот Тајани истакна дека Европскиот парламент ќе продолжи со соработката со Република Македонија во поглед на реформскиот процес, се вели во соопштението од Владата.

Sredba, PVRMSI Dimitriev-Tajani_1

Двете страни разговарале и за предизвиците во врска со мигрантската криза констатирајќи дека е потребен координиран одговор на меѓународната заедница.

На средбата станало збор и за политичката состојба во земјата при што премиерот за спроведување на изборите Димитриев ги истакна активностите кои ги спроведува Владата за организирање на фер, кредибилни и демократски избори на 24 април.

Најчитани вести