понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

СМК: Темелко е дел од организираната хајка на СДСМ против Македонците во светот

СМК приведувањето со барање за притвор на Едмонд Темелко го оценува за антимакедонско и антидржавно однесување, со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија!

СМК: Темелко е дел од организираната хајка на СДСМ против Македонците во светот

СМК: Темелко е дел од организираната хајка на СДСМ против Македонците во светот

Последни вести

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува и ја смета за срамна мерката приведување по наредба на специјалното јавно обвинителство на единствениот Македонец градоначалник на општина Пустец во соседна Албанија, Едмонд Темелко, со обвинение повреда на избирачкото право и повреда на слободата на определување на избирачите во 2012 година.

Во продолжение следува нивната реакција

Македонците во Албанија и во светот се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко и бараат негово итно и безусловно ослободување и извинување за повреда на честа и угледот!
СМК потсетува дека Едмонд Темелко ја ужива довербата на Македонците во Албанија за градоначалник на општина Пустец со три мандати и е најзаслужен за унапредувањето на положбата и правата на Македонците на целата територија на Албанија!
СМК приведувањето со барање за притвор на Едмонд Темелко го оценува за антимакедонско и антидржавно однесување, со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија!
СМК изразува жалење затоа што прва колатерална штета од судирот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, е градоачалникот на единствената македонска општина во Албанија и Македонците во Албанија воопшто!
СМК смета дека Едмонд Темелко е дел од организираната хајка на СДСМ против Македонците во светот во целина!
СМК најостро ги осудува анационалните политики на Социјалдемократскиот сојуз и ја потсетува јавноста, дека:
– Владата на СДСМ во 1993 година го прифати акронимот “поранешна Југословенска Република Македонија“,
– Владата на СДСМ заради коалицијата со ПДП и претседателскиот мандат на Киро Глигоров, во 1994 година издаде 150.000 лични карти и државјанства на Албанци од Косово, со што трајно ја промени етничката и верската карта на Македонија,
– Владата на СДСМ во 1995 година го смени семакедонското шеснаест-зрачно златно-жолто сонце од знамето на државата Македонија,
– Владата на СДСМ во 1995 година со македонско-грчката Времена согласност еднострано се откажа од Македонците во Република Грција,
– Владата на СДСМ во 2002 година го призна фалсификуваниот попис на населението на штета на Македонците иако Албанците не беа повеќе од 15% од вкупното население,
– Владата на СДСМ заради коалицијата со ДУИ, во 2004 година го укина правото на безусловно македонско државјанство за Македонците по потекло надвор од границите на Републиката,
– Владата на СДСМ во 2004 година ја промени територијалната организација на локалната самоуправа на штета на Македонците во Републиката албанизирајќи ги градот Скопје и општините Чашка, Струга, Лабуништа, Кичево, Другово, Вранештица и Крушево,
– СДСМ во 2015 година побара укинување на пратениците и на избирачкото право на Македонците надвор од Републиката!

Најчитани вести