вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 61

Јанева и Фетаи без правни аргументи тргнаа да оспоруваат победа од 200.000 гласови

Отсуството на прави аргументи се обидоа да го покријат со гласно зборување, со реторика во стил на радио водители. Ни тронка од сериозност, обмисленост, достоинство.

Јанева и Фетаи без правни аргументи тргнаа да оспоруваат победа од 200.000 гласови

Јанева и Фетаи без правни аргументи тргнаа да оспоруваат победа од 200.000 гласови

Поврзани вести

Катица Јанева и Фатиме Фетаи вчера тргнаа да ја оспоруваат изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ која бешe изразена со 200.000 гласови разлика, а во барањето за притвор навеле 1.400 македонски гласачи, што само по себе е досега невидена бламажа.

Основниот суд Скопје 1, рано утринава по сериозната анализа на аргументите одлучил дека не постои никаква основа да се одреди мерки притвор за осум лица, како што бараше Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева.

Сето ова претставува дека Јанева и Фетаи кои тргнаа да оспоруваат победа од 200.000 гласови, а во барањето за притвор навеле 1.400 македонски граѓани кои гласале доживеаја вистинско фијаско.

Ова само ги потврдува вчерашните коментари во јавноста, соред кои како катастрофален, недостоинствен, срамен, а на моменти и хумористичен го оценија јавниот настап на тројката Катица Јанева, Фатима Фетаи, и Ленче Ристовска.

Забележливо беше нивното неумесно гестикулирање, гримасите кои ги правеа, насоченоста кон камерите во филмски стил, редица постапки кои повеќе доликуваат на средношколки кои се забавуваат во град, отколку на јавни обвинители, пишува „Денешен“.

Отсуството на прави аргументи се обидоа да го покријат со гласно зборување, со реторика во стил на радио водители. Ни тронка од сериозност, обмисленост, достоинство.

Особено иритантно беше однесувањето на Фатиме Фетаи која се дрзна да ги навреди македоските граѓани со изјавата дека таа ќе објаснувала како за мали деца за на сите да им било јасно, со што ја навреди интелигенцијата на граѓаните и ги стави во позиција инфериорно да се чувствуваат.

Најчитани вести