понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 19

Малтретирање и понижување по наредба на Катица Јанева и Фатиме Фетаи

Иако има и здравствени проблеми и неговата сопруга ги примила дома и без да покажат налог, службените лица од МВР пред очите на неговите деца и сопруга му ставиле лисици на раце и го спровеле кон Скопје.

Малтретирање и понижување по наредба на Катица Јанева и Фатиме Фетаи

Малтретирање и понижување по наредба на Катица Јанева и Фатиме Фетаи

Поврзани вести

Вчера утрото, околу 5 часот,  полицијата по налог на СЈО упаднала во домот на Едмонд Темелко, единствениот градоначалник Македонец во Албанија, кој е сврзно ткиво и единствен застапник на интересите на Македонците кај нашиот западен сосед.

Иако има и здравствени проблеми и неговата сопруга ги примила дома и без да покажат налог, службените лица од МВР пред очите на неговите деца и сопруга му ставиле лисици на раце и го спровеле кон Скопје.

Светскиот македонски конгрес  (СМК) соопшти дека Македонците во Албанија и во светот се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко и бараат негово итно и безусловно ослободување и извинување за повреда на честа и угледот.

-СМК потсетува дека Едмонд Темелко ја ужива довербата на Македонците во Албанија за градоначалник на општина Пустец со три мандати и е најзаслужен за унапредувањето на положбата и правата на Македонците на целата територија на Албанија!

СМК приведувањето со барање за притвор на Едмонд Темелко го оцени за антимакедонско и антидржавно однесување, со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија, се вели во соопштението од СМК.

По неоснованото апсење на Темелко, бидејќи рано утринава по сериозната анализа на аргументите одлучи дека не постои никаква основа да се одреди мерки притвор за осум лица, како што бараше СЈО, се поставува прашањето дали следниот чекор е наредба од Фатиме Фетаи, Катица Јанева и Зоран Заев за апсење на Никодим Царкњаз, Павле Васкопулос или Стефан Влахов- Мицов?

Најчитани вести