петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Зошто женското неверство е потешко од машкото?

Психолозите тврдат дека за неверство постојат повеќе причини, а главни се нова љубов, одмазда, потрага по нови сензации, случајна врска, криза во бракот, недостаток од љубов од сопругот, желба да се оживее односот, експеримент, желба да се зголеми самодовербата, нереализирани сексуални потреби.

Зошто женското неверство е потешко од машкото?

Зошто женското неверство е потешко од машкото?

Поврзани вести

Поради недостаток на љубов и внимание од страна на партнерот, жените се обидуваат да ја пронајдат таа љубов и да си докажат на себе дека се уште се убави и привлечни на спротивниот пол. Така што женското неверство е сосема спротивно од машкото неверство.

Психолозите тврдат дека за неверство постојат повеќе причини, а главни се нова љубов, одмазда, потрага по нови сензации, случајна врска, криза во бракот, недостаток од љубов од сопругот, желба да се оживее односот, експеримент, желба да се зголеми самодовербата, нереализирани сексуални потреби.

Мажите пак главно изневеруваат заради своите сексуални потреби. Во таквите неверства ретко е вклучено емотивното. А се случува заради отсуство на жените, поради влијание на алкохол, љубопитност или поради лесна достапност до партнерката. За да се одлучи за неверство, мажот може да го поттикне кавга со жената, страв од губење на егото, бременоста  на жената и друго. Накратко, патот кон неверството мажите не ги води нивната душа, се случува и тоа но ретко.

Зошто изневеруваат жените

Што се однесува до неверството на жените, работите се малку поразлични. Прво е незадоволство од сопругот. Тоа зборува дека жената во неверството е вклучена со душа и тело, а мажот главно со тело. Затоа можеби машкото неверство не изгледа така значајно како женското.

Во принцип, ниту едно неверство не е случајно. Тоа созрева постепено, кога луѓето не ги исполнуваат очекувањата едни спрема други, постануваат помалку внимателни, а повеќе себични.

Понекогаш ситуацијата може да се спречи доколку сопружниците се обидат да пронајдат заеднички јазик, а понекогаш можеби најдобар начин е развод.

Најчитани вести