Апсењето на Темелко предизвика голем интерес кај албанските и косовските медиуми

Апсењето на Темелко предизвика голем интерес кај албанските и косовските медиуми
Апсењето на Темелко предизвика голем интерес кај албанските и косовските медиуми
Апсењето на единствениот македонски градоначалник во Албанија наиде на голем публицитет како во албанските така и во косовските медиуми. Имено веста за апсењето на Едмонд Темелко наиде на голем интерес кај сите албански медиуми во регионот.

Највлијателната албанска телевизија „Топ Канал“ ја пренесе веста за Темелко под наслов „Уапсен градоначалникот на Пустец“, притоа додавајќи дека Темелко е уапсен по налог на СЈО, под сомнение за изборни малверзации во Република Македонија.

edmond2

Од друга страна пак националната албанска телевизија „Визионплус“ оди со сличен настан и наведува дека лидерот на македонската партија е уапсен за изборни манипулации во Македонија.

Веста за апсењето на Темелко ја пренесоа и сите останати влијателни медиуми, како телевизијата „Клан“, весниците „Шкип“, „Шекули“ и сите останати медиуми со акцент за наводни малверзации за време на изборите во 2013 во Македонија.
edmond5edmond4

Апсењето на Едмонд Темелко исто така беше главна тема и во косовските медиуми, притоа поставувајќи ја како ударва вест со наслови од типот „Во Македонија уапсен албански градоначалник“, „Македонија: Уапсен актуелен градоначалник од Албанија“ и сл.

edmond7edmond6edmond8