Темелко: Судот покажа дека не е против Македонците од соседството

соседството
Истражната судијка донесе правилна одлука според сите околности. Судот покажа дека не е против Македонците во соседството и конкретно Македонците од Албанија. Ние не сме туѓинци, секогаш ќе бидеме нераскинлив дел од Република Македонија. Ова е првичната реакција нa единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко, кој вчера наутро по наредба на Катица Јанева и Фатиме Фетаи, како што самиот Темелко тврди без никаков налог, беше уапсен од полицијата со која раководи сдсмовскиот министер Оливер Спасовски.

Темелко во изјава за „Курир“ вели дека вчера бил приведен и однесен во Основен суд 1 при Истражен судија по барање на СЈО за некакви нерегуларности при изборите во 2012 година. Темелко додава дека однесувањето од страна на СЈО не било добро, бидејќи не добил никаква уредна покана.

-Судот во матичната држава покажа дека не е против Македонците од соседството, конкретно против Македонците од Албанија, бидејќи ги разгледа реално обвиненија и не досесе одлука како што бараше СЈО, мерка притвор, туку донесе одлука да се бранам од слобода. Сето ова не е лошо само заради мене како личност, туку за сите Македонци во Албанија, бидејќи година дена наназад опозицијата во Македонија вината за нивните слаби рејтинзи и слаби резултати од изборите ја префрлаат на 430 жители на општина Пустец што имале македонско државјанство и лични карти, вели Темелко за „Курир“.

Градоначалникот на Пустец јавно кажува и вели дека секој Македонец го споделува тоа дека сите жители во општина Пустец се од етничката група Македонци и законски им следува да имаат двојно државјанство, македонско државјанство и лични карти и не значи дека ако си Македонец од Пустец немаш право да гласаш.

– Тоа е нивно право и ние како политичари овде во Република Албанија секогаш ги охрабруваме и поддржуваме за сите нивни права и во конкретниов нивни случај, нивното право да гласаат и во Република Македонија и во Република Албанија, бидејќи голем дел од овие жители одат на сезонски работи и во Македонија и овде во општина Пустец. Се надевам дека СЈО нема да уапси некој кој ќе дојде од Егејска Македонија, бидејќи знам има податоци и таму што има некој државјанство и лични карти или од Пиринска Макеодонија, бидејќи и тие и ние сме Македонци, колку и тие што се во Република Македонија, без разлика што судбината си поигра, некој да биде во соседството, а некој во матичната држава, вели Темелко.

Темелко додава дека неговото приведување било без судски налог и без никакви прописи и го потенцира лошото однесување на новоназначениот началник на битолската полиција.

-Без налог на Судот, без никакви прописи. Лошо однесување на началникот на полицијата од Битола, новиот што е ставен од опозицјата, се со цел да покаже некаква сила или да имам јас некаква реакција. Уште на почетокот им кажав дека ако мислат оти нешто ќе ме исплашат или ќе ме нетераат спортивно од тоа што е реално да кажам, нема да го добијат тоа. После во Основниот суд беше се коректно, истражната судијка донесе правилна одлука според сите околности, вели Темелко.