Јанева со закани наместо со докази, најави жалби за одлуката на судот

Јанева со закани наместо со докази, најави жалби за одлуката на судот
Јанева со закани наместо со докази, најави жалби за одлуката на судот
Невиден скандал во македонското правосудство. Прв пат официјален орган во Република Македонија си зеде за право преку Фејсбук да коментира судски одлуки и да им се заканува што пропуштиле , а што не пропуштиле.

-Кривичниот суд во Скопје засега пропушти да се запише во историјата на Република Македонија. Следуваат жалби!, објавено е на официјалниот профил на СЈО на Фејсбук.

Катица Јанева си зеде за право да биде историчар и да му наредува на судот во кој правец треба да одлучува за да не пропуштел да се запише во историјата, што претставува срамно и недолично однесување.

Во историјата ќе остане запишано дека еден правник, наместо со правни аргументи настапува политички со инсинуации и закани наместо со докази.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.