Груевски: СДСМ знаат дека ако нема криза и конфликт, нема што да им понудат на граѓаните

Груевски: СДСМ знаат дека ако нема криза и конфликт, нема што да им понудат на граѓаните
Груевски: СДСМ знаат дека ако нема криза и конфликт, нема што да им понудат на граѓаните
Додека ние промовиравме проекти и реформи, нови фабрики и нови работни места, некој упорно се обидува да промовира афери, манипулации и скандали. Додека ние се бориме за стабилност, привлекување инвестициии и нови вработувања, некој се обидува да конструира кризи и тензии и да ја влече нашата земја кон дното, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при промоцијата на новите 7 мега проекти за младите.

-Би рекол, кој за што се определил во своето делување. Но, деновиве сме сведоци на кулминација на таквата деструктивна политика на СДСМ, деновиве сме сведоци на уцени на закани, навреди и провокации. Се обидуваат да наметнат закони за цензура и да го опструираат единствениот излез од политичката криза која ја наметнаа, а тоа се изборите на 24-ти април, на кои што само народот одлучува. Тие знаат дека ако нема криза и ако нема конфликт, тогаш нема што да им понудат на граѓаните, затоа се плашат од излегувањето на земјата од кризата и затоа не сакаат да се соочат со граѓаните на 24-ти април.

Груевски рече дека жално е што тие мислат дека кризата на целата држава е излез од состојбата во која тие се наоѓаат. Од тие причини, рече Груевски, Зоран Заев очајнички бара помош, каква било. Од тие причини тој најавува обвиненија, најавува притвори и се надева дека тоа ќе влијаело на кампањата како што изјави пред неговите сопартијци во Капиштец

-Тоа што Зоран Заев не може да го разбере е дека ВМРО-ДПМНЕ е поголема од неговите закани и од неговите криминогени деструктивни планови. Нашите проекти и нашата доверба кај граѓаните е многу поглема од омразата која блика од Заев и од неговите први соработници и која станува основа на секој нивен потег.Со деструкција и со фабрикување на афери не може да се освои довербата на граѓаните. Граѓаните знаат кој работи во нивна корист и тоа ќе го потврдат по 10-ти пат, рече Груевски.