Силна поддршка за единствениот македонски градоначалник во Албанија

Расте поддршката за единствениот македонски градоначалник Едмонд Темелко, кој завчера без судска наредба, а по барање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева беше уапсен за наводни изборни нерегуларност. Сепак, Темелко беше ослободен откако  Основниот суд Скопје 1 по сериозната анализа на аргументите одлучи дека не постои никаква основа да се одреди мерки притвор за осумте лица лица, меѓу кои е и Темелко.

-Судот во матичната држава покажа дека не е против Македонците од соседството, конкретно против Македонците од Албанија, бидејќи ги разгледа реално обвиненија и не донесе одлука како што бараше СЈО, мерка притвор, туку донесе одлука да се бранам од слобода. Сето ова не е лошо само заради мене како личност, туку за сите Македонци во Албанија, бидејќи година дена наназад опозицијата во Македонија вината за нивните слаби рејтинзи и слаби резултати од изборите ја префрлаат на 430 жители на општина Пустец што имале македонско државјанство и лични карти, вели Темелко.

Темелко додава дека неговото приведување било без судски налог и без никакви прописи и го потенцираше лошото однесување на новоназначениот началник на битолската полиција.

-Без налог на Судот, без никакви прописи. Лошо однесување на началникот на полицијата од Битола, новиот што е ставен од опозицјата, се со цел да покаже некаква сила или да имам јас некаква реакција. Уште на почетокот им кажав дека ако мислат оти нешто ќе ме исплашат или ќе ме нетераат спортивно од тоа што е реално да кажам, нема да го добијат тоа. После во Основниот суд беше се коректно, истражната судијка донесе правилна одлука според сите околности, вели Темелко.

Темелко во Пустец беше емотивно беше пречекан од жителите на оваа општина, кои му дадоа безрезервна подршка на својот градоначалник и порача дека неговото приведување е едно антимакедонско дело и е насочено против сите Македонци во Република Албанија.

temelko-2

-Градоначалникот Едмонд Темелко исто така и претседател на единствената македонска партија во Албанија (МАЕИ) е еден од најголемите борци за правата на Македонците во Република Албанија. На неговото вчерашно приведување од страна на СЈО, како што видовме се радуваа сите душмани на македонскиот народ и бугарските фашисти и затоа ние го сметаме ова како едно антимакедонско дело. Упатуваме апел до сите институции во Република Македонија гледам дека повеќе од две години се води една хајка против Македонците во Мала Преспа, да ги остават на мира Македонците во Албанија, ние не очекуваме да имаме вакви случаи какво што беше приведувањето на градооначалникот Едмонд Темелко, туку очекуваме помош, да не поддржат во нашите барања за правата на Македонците во Република Албанија, а не да имаме пречки како што беше вчерашното срамно приведување, и на крајот правдата победи, значи градоначалникот Темелко е ослободен, рече Васил Стерјовски, објави „Курир“.

Жителите на општина Пустец, изреволтирани од последните настани порача дека ќе продолжат да се борат за правата на Македонците и порачуваат до Зоран Заев и СДСМ дека за пари го поништуваат сопствениот народ.

-Денеска сме собрани тука да му дадеме подршка на Македонците од Мала Преспа. Со последните случувања, со приведувањето на господинот Едмонд Темелко од полициските службеници на Република Македонија, значи целиот народ е погоден, но со ослободителната одлука на судот сметаме дека правдата си го најде местото, исто така ги охрабруваме Македонците од Мала Преспа и Албанија дека ние докрај остануваме Македонци и ке се бориме за правата на Македонците во Албанија и во целиот свет, изјави Таки Гроздани.

Ило Сотири од село Пустец вели дека е тука за да му даде подршка на градоначалникот и воедно како што рече, сака да им даде до знаење на Заев и на други од СДСМ дека за пари го поништуваат сопствениот народ.

-Значи ние сме Македонци и не сме против Македонците во Македонија, туку сме против некои што не знаат што прават заради парите  го понижуаат македонскиот народ, негов народ и го нарекуваат Албанците, а не Македонците. Не треба некој нас да не нарекува Албанци,  како што не нарекуваат некои од  СДСМ од Ресен, од Битола и други места, рече Сотири.

Дополнително, граѓаните се солидаризираат со голготата на Темелко, кој како што објавија вчера медиумите иако има и здравствени проблеми и неговата сопруга ги примила дома и без да покажат налог, службените лица од МВР пред очите на неговите деца и сопруга му ставиле лисици на раце и го спровеле кон Скопје.

Апсењето на единствениот градоначалник Македонец во Албанија, кој е сврзно ткиво и единствен застапник на интересите на Македонците кај нашиот западен сосед ги загреа и социјалните мрежи, каде е отворена група за поддршка на Темелко.

Темелко на албанската политичка сцена стана синоним за отпор во истрајноста и борбата за заштита на правата на Македонците во Албанија. Тој е еден  од основачите и моментален претседател на македонската организација ”Преспа” во Албанија, организација која има нејтесна соработка со Светскиот Македонски Конгрес, ОМО ”Илинден” Пирин, Виножито и други организации ширум светот што ги застапуваат македонските интереси во дијаспората. Истовремено, Едмонд е првиот градоначалник Македонец во Албанија кандидиран од македонска партија,која ги застапува и се бори за македонските интереси во оваа држава.

Моментално Едмонд извршува трет мандат а зад себе има многу успеси за унапредувањето на правата на македонците и македонските интереси во Албанија. Имено негова заслуга е што за првпат во историјата на Република Албанија, со македонски јазик е обележана целокупната сообраќајна сигнализација, улиците, плоштадите, јавните установи и селата во Мала Преспа, со имиња на настани и личности кои оставиле белег во македонската историја.

Дополнително, Општина Пустец под водство на Едмонд Темелко традиционално почна да го организира Македонскиот Фолклорен Фестивал, да го празнува националниот празник Илинден, како и позначајни празници поврзани со историјата на македонскиот народ, како 24 мај – Денот на сесловенските и семакедонските просветители светите браќа Кирил и Методиј и 8 септември – Денот на независноста на Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.