Ја однел во неговиот дом, ја натерал да се избања, па ја нападнал

Четириесетичетиригодишна жена од село Црешево, велешко, вчера пријавила дека околу 16 часот во Скопје, додека чекала автобус на Бит Пазар, и се доближил непознат маж и ја прашал каде ќе оди, по што таа одговорила дека не се чувствува добро и ќе оди во населба Драчево. Мажот се качил со неа во автобус.

Откако двајцата слегле во село Трубарево каде што живеел мажот, тој ја натерал да се избања, а потоа физички ја нападнал барајќи од неа да прави се што ќе и каже.

Тој и го зел мобилниот телефон и со сила ја однел до автобуската станица во Трубарево, по што таа го пријавила настанот.

По кратко време полицијата го привела 32-годишниот Ш.М.