„Голф“ удри во бетонски ѕид- еден тешко повреден

Вчера попладне на локалниот пат с.Челопек-с.Милетино, пред куќата на В.М. се случила сообраќајна незгода во која Е.Ќ.(46) од с. Милетино-Тетово управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистерски ознаки удрил во бетонски ѕид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил седумдесет и четиригодишниот сопатник А.И.(74) од с.Милетино кој бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово.

По укажаната лекарска помош тој бил пренесен во УЦ-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од тетовската полиција, од каде информираат дека се работи на целосно расчистување на случајот.