петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 0

За една недела 1.331 повици на Ало докторе

za-devet-meseci-na-linijata-alo-doktore-sovet-pobarale-recisi-40-000-lica

Поврзани вести

Вкупно 1.331 повици се регистрирани за една недела на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“.

Од започнувањето на проектот регистрирани се вкупно 77.007 повици.

Линијата е достапна секој ден во период од 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

За медицински совет на линијата 02/ 15 123 достапни се дваесет и пет лекари. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за сезонски настинки, покачен крвен притисок, симптомна болка, покачена телесна температура и кашлици од променливото време.

На сите оние лица кои побараа медицински совет на телефонската линија Ало докторе им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Најчитани вести