Што се крие зад прекарот на светските метрополи?

Што се крие зад прекарот на светските метрополи?

Зошто Амстердам се нарекува Венеција на северот, а Њујорк – Големото јаболко?

Лондон – Стар чад

Лондон секогашбил зачадено место, но големиот смог од 1952 година во целост го оправда овој назив. Вo текот на пет дена воздухот во толкава мерка бил загаден што убил повеќе од 4.000 лица! Лондон често го нарекуваат и Дождлив град, а локалните жители најдобро знаат дека од дома ретко кога се излегува без чадор.

Амстердам – Венеција на северот

Главниот град на Холандија го пресекува повеќе од 100 километри канал. Со оглед на тој факт, Амстердам често се споредува со најславниот град со канали, Венеција.

Париз – Град на љубовта

Париз бил првиот европски град кој почнал да користи улично осветлување, а поради раскошното осветлување на Ајфеловата кула, често се нарекува и град на светлината. Секако, целиот град е идеален да се помине време со партнерот, па дури и за јазикот се вели дека е јазик на љубовта.

Ерусалим – Светиот град

Овде посебно објаснување веројатно не е потребно. Ерусалим има има големо значење за сите три монотеистички религии: hristijanstvo, judizam i islam.

Њујорк – Големото јаболко

Иако се сметало дека овој прекар е постар, неодамнешните истражувања покажаа дека за „Големата јаболка“ е заслужен книжевникот Едвард Мартин, кој денешниот прекар на градот го има споменато во својата книга. Тој пишувал дека граѓаните од другите градови ги сметале жителите на Њујорк за снобови и арогантни и ги нарекувале големи трули јаболки.

Филаделфија – Град на братска љубов

Основачот на градот, Вилијам Пен, сакал да основа место каде што сите ќе можат да живеат во слога и љубов. Па затоа, споил два збора на старо грчки (филос) што значи љубов и (аделфос) што значи брат. Така Филаделфија останала град на братска љубов.

Сингапур  – Град на лавовите

Зборот Сингапур од англиски буквално се преведува како Град на Лавовите. основачот на градот, сер Стемфорд Рефлс, објаснил дека ова име го избрал откако го здогледал „мерлион“ (мешавина на лав и сирена). легендата е интересна, иако овде никогаш немало ни лавови ни сирени.