Крими хроника

Штипјанец загина во сообраќајка на патот Штип – Драгоево

Штипјанец загина во сообраќајка на патот Штип – Драгоево

Едно лице го загуби живото при сообраќајна незгода вчера околу 20.10 часот на локалниот пат Штип -с.Драгоево. Е.Д. (50) од Штип, управувајќи „цитроен Ц5“ со бугарски регистарски ознаки, излетал од патот и се превртел. Возачот и сопатниците Д.Ѓ. (51) и З.К. (50), двајцата од Штип, со возило на итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Штип, каде што била констатирана смрт на  возачот Е.Д.

З.К. се здобил со тешки телесни повреди, додека кај Д.Ѓ. се констатирани  телесни повреди. И двајцата се задржани на лекување.

Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од ОКТИВ-Штип.

По наредба на ЈО над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.