Македонија

Министерство за финансии: Одлуката на Управниот суд за аукциите на државни хартии од вредност е неправосилна

Министерство за финансии: Одлуката на Управниот суд за аукциите на државни хартии од вредност е неправосилна

Одлуката на Управниот суд по прашањето на аукциите на државни хартии од вредност е неправосилна, наведува Министерството за финансии во реакција на денешната изјава на дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.

Министерството за финансии и министерот за финансии, се вели во реакцијата, веднаш штом ја добија оваа одлука доставија навремена жалба до Вишиот Управен суд. – Со оглед на тоа дека одлуката на Управниот суд се уште не е правосилна, во сила е одлуката на Државната изборна комисија дека дополнителниот заменик министер нема право на вето на аукциите на државни хартии од вредност, наведува Министерството за финансии.

Издавањето државни хартии од вредност, нагласува ресорното Министерство, е редовен процес за финансирање на буџетот, кој се практикува во секоја земја и кој е предвиден и усвоен со Буџетот на Република Македонија. Досега реализираните аукции се во рамки на предвиденото со Буџетот за 2016 година, стои во реакцијата.