среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 58

Огромен интересот за проектот „Купи куќа за млади“

kupikukaaaa

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешниот работен состанок на кој се разгледуваше спроведувањето на проектот Купи куќа за млади истакна дека најважно за секое семејство е да обезбеди вработување и сопствен дом.

Кога зборуваме за проектот „Купи куќа за млади“ станува збор за можност која овозможува доаѓање до сопствен дом под екстра поволни услови кои според едниот модел во првите 8 години државата покрива 80 проценти од трошокот за отплата на кредитот. Вториот дел каде се помага во делот на учеството каде се гарантира значително учество со поддршка на државата, истакна Груевски.

Тој истакна дека за овој проект може да се користат бесплатните проекти за 6-те постоечки типски куќи, додавајќи дека запозната е постапка и за нови најмалку шест проекти. Воедно лидерот на владејачката партија потенцираше дека граѓаните може да добијат дополнителни инфрмации за проектот во некој од 33-те подрачни канцеларии ширум Македонија, како и од караванот кој ќе врши презентации за проектот.

Груевски истакна и дека досега градоначалниците дале извонредна понуда за локации за овој проект.

-Од преелиминарните проверки, досега градоначаниците доставиле предлози за парцејализирање на вкупно 7.640 локации што е одлично за почеток. Оваа бројка очекувам понатаму да расте, но за почеток е извонредна понуда, потенцирше Груевски.

На денешниот работен состанок со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, владини министри и градоначалници, вицепремиерот Зоран Ставрески го образложи овој голем проект.

-Ако станува збор за проект од 30.000 евра за да се изгради куќа или да се купи. За 30.000 евра кредит доаѓа рата од 200 евра месечно. Првите 8 години, Владата покрива 160 евра од таа рата, а 40 евра плаќа граѓанинот. Значи 8 години само по 40 евра плаќа младиот човек кој сака преку овој проект да го реши прашањето за сопствен дом, а Владата секој месец покрива по 160 евра за ратата од 200 евра. Потоа 9-тата, 10-тата и 11-тата година од враќањето на кредитот, 100 евра покрива Владата, 100 евра граѓанинот. Потоа по 12-тата година до 20-тата, целиот износ од месечната рата си го покрива граѓанинот. Тоа е првиот модел преку практичен пример за тоа што значат тие 80 и 50 отсто. Тоа е голема огромна поддршка за луѓето кои сакаат да дојдат до сопствен дом, рече Ставрески.

Вицепремиерот и министер за финансии потенцира дека по вториот модел ако кредитот е 30.000 евра, Владата веднаш дава 7500 евра на младиот човек за да може тој да ги искористи како учество за да може да го добие станбениот кредит.

-Кога одите во банка и барате станбен кредит од 30.000 евра, банката ќе побара сопствено учество. Тоа отприлика се движи 25 отсто од висината на кредитот, значи за кредит од 30.000 евра тоа е околу 7500 евра. Тие ги дава Владата. Ако кредитот е поголем и е 50.000 евра, тоа се 12.500 евра учество, кои ги даваме 100 процентно, рече Ставрески.

Проектот „Купи куќа за млади“ им се доближува на граѓаните низ низа активности. Отворени се 33 канцеларии ширум Македонија. Извршена е обука на луѓето што работат во канцелариите за да можат да им ги дадат информациите на сите заинтересирани. За посложени прашања и потреба од детални информации, отворено е и министерството за финансии каде има посебна канцеларија за „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

raboten-sostanok-1-640x344

-Таму посетеноста е огромна. Можам да кажам дека над сите очекувања е интересот на младите луѓе за овој проект. Преку 80 луѓе дневно во просек, некои денови и по 100 лица дневно доаѓаат во канцеларијата во МФ. Повеќето се млади, но доаѓаат и повозрасни. Некои прашуваат за децата да се информира. Интересот е огромен и таков впечаток имам и од трибините кои ги имаме како партија ВМРО-ДПМНЕ по градовите од Република Македонија. Секаде овој проект наидува на голем интерес и многу прашања. Останува ние во следниов период да продолжиме со активностите на приближување на проектот до граѓаните бидејќи се работи за значајно прашање во животот и секој сака да биде добро информиран пред да се одлучи да го искористи овој проект да дојде до сопствен дом. Затоа почнавме и караван низ општините во Република Македонија, со цел да отидеме во секоја општина и да ги информираме граѓаните на лице место. Минатата недела бевме Гевгелија, Валандово и Дојран, на 17-ти  Велес, Свети Николе и Пробиштип, 24.02 во Охрид, Струга и Ресен, на 29-ти февруари Битола и Демир Хисар, на 09.03. Тетово, Гостивар и Кичево. На 16-ти март во Куманово, Кратово, Крива Паланка, 23-ти Штип, Кочани и Делчево. На 30-ти март ќе бидеме во Кавадарци, Неготино, Демир Капија, 6-ти април Струмица и Радовиш, на 13-ти април Прилеп, Крушево, Македонски Брод и 20-ти април Берово и Дебар, истакна Ставрески.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски најави дека за граѓаните заинтересирани за „Купи куќа за млади“, ќе бидат достапни проекти за типски куќи со површина од 50 до 200 метри квадратни.

-Распишавме ново идејно решение кое трае до 16.3 а нови шест типски проекти. Станува збор за 50,70,90,110,130 и 200 метри квадратни. Ќе имаме палета од 50 до 200 квадрати различни типски решенија. Секој ќе може да ги преземе или да дојде во Министерството и ние повторно ќе му дадеме ЦД. Јас планирам овој пат шест да одбереме типски, но ако има и други фасадни добри решенија и тие да ги направиме. На пример ако има за 50 квадрати две добри решенија, да го откупиме и второто решение, па да има избор, потенцираше Мисајловски.

Министерот истакна дека во изминатиот период заедно со градоначалниците се работело и на уште една мерка.

-Секој градоначалник пушти барање до Министерството, бидејќи имаме распишано јавен повик, за изработка на детални планови, општи акти, итн. Досега над 50 општини веќе доставиле до нас барање, се видовме со секој поединечно.на 17-ти во среда е последниот рок кога секој градоначалник може да достави барање, а потоа почнуваме со евалуација и со изработка на плановите, истакна Мисајловски.

На денешниот работен состанок се обратија и дел од градоначалниците кои се во напредна фаза во рамки на проектот „Купи куќа за млади“.

Најчитани вести