среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Зошто Бобо Дајнерс лажел дека во становите престојувале регионални директори?

sekerinska-bobo-640x488

Поврзани вести

Сопругот на Радмила Шекеринска, Божидар Јанковски, заработи кривична пријава од МВР за даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластувањата. Во текот на истрагата се покажа дека тој дава лажен исказ и се обидел да ги вмеша и другите директори на Дајнерс од регионот.

Порталот Курир пишува дека тој во својот исказ пред полицијата ги вмешал регионалните директори на Дајнерс и со тоа отворил простор за сомнеж за целокупното функционирање на компанијата.

При водењето на истрагата, сопругот на Шекеринска дал лажен исказ. Имено, осомничениот се повикувал дека станбениот простор кој го закупувал во име на Дајнерс бил користен и од странски државјани, но при проверките во евиденциите на странски државјани, утврдено е дека лицето спомнато од Јанковски, воопшто нема пријавено привремен престој. Со тоа е утврдено дека Бобо-Дајнерс дал лажен исказ.

Од извршениот увид на управните служби на МВР утврдено е дека првопријавениот и членовите на неговото семејство просториите кои ги изнајмувале ги имале пријавено и како адреси на кои живеат а впрочем на овие адреси и живееле.

Од увидот во секторот за финансиски прашања на град Скопје, утврдено било дека пријавениот го плаќал годишниот данок на имот по повластена стапка од 0.05 проценти својствена за стaнбени простории кои се користат како место за живеење од страна на сопствениците.

Зошто сопругот на Шекеринска лажел дека во становите престојувале директори на Дајнерс кога во становите кои си ги најмувал практично самиот на себе, за голема сума на пари, живеел тој и неговото семејство?

Според пријавата на полицијата , во периодот од 1 јануари 2009-та до 31.12.2013та односно во периодот од 5 години, по основ на закуп на станови, Јанковски и неговата мајка во својство на физички лица закуподавци од една страна и повторно пријавениот од друга страна како одговорно лице во Дајнерс Клуб интернационал мак ДООЕЛ како закупец, склучил повеќе договори за закуп на станбен простор. Поедноставно кажано, Јанковски склучувал договори за закуп самиот со себе.

За тековната 2009та година од јануари до октомври исплаќана е  кирија од 2100 евра за стан на улицата Васил Ѓоргов во Скопје. За стан во Охрид пак за месеците ноември и декември е исплатена кирија од 900 евра месечно.

rada2

Синот како директор на Дајнерс исплаќал пари и кон мајка си

Синот како директор на Дајнерс според МВР исплаќал и пари кон мајка си. Од 1-ви ноември 2009-та до февруари 2013-та авансно на 12 ноември 2009-та се исплатени кирии во износ од речиси 90.000 евра за стан на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Вкупно во 2009-та се исплатени над 100.000 евра по основ на кирии.

Во 2010-та година исплаќана е кирија за стан на улица „Хаванска„ по цена од 2500 евра месечно од јули до ноември, а во месец декември закупнината скокнала на 2900 евра. За станот во Охрид, Јанковски сам на себе си исплатил кирија од 27.000 евра.

Во 2011-та исплаќана е закупнина за станот на улица „Хаванска“ по цена од 2900 евра месечно во месеците јануари и февруари. Од март до крајот на годината закупнината драстично се зголемила на дури 5300 евра мeсечно. Во текот на оваа година директорот на Дајнерс сам на себе си исплатил 70.000 евра.

Во текот на 2012-та за истиот стан исплаќана е закупнина по цена од 5300 евра месечно или на годишно ниво 50.000 евра од Бобо Дајнерс за Божидар Јанковски.

Истата математика била направена и во 2013-та кога повторно за станот на „Хаванска“ биле исплаќани по 5.300 евра месечна кирија.

Вкупно за периодот од 5 години од сметката на Дајнерс на сметката на сопругот на Радмила Шекеринска биле префрлени нешто под 20 милиони денари или над 300 000 евра.

Најчитани вести