Шпанија: 23 случаи на вирусот Зика

Во Шпанија се регистрирани 23 случаи на заразувања со вирусот зика, информира Министерството за здравство, социјални грижи и еднаквост, цитирано од ТАСС.

Меѓу заразените лица има две бремени жени. Сите луѓе, заразени со вирусот, во земјата се вратиле од патувања во странство.

Светската здравствена организација на почетокот на месецот информира дека од јануари 2014 година вакви случаи на заболувања од вирусот зика има регистрирано во 33 земји.