недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 41

Меџити: Никој не смее да го урне споменикот на двоглавиот орел

Ако нема документација, општинската градежна инспекција треба да ја отстрани бесправно поставената градба. Во спротивно, ќе бараме Министерството за транспорт и врски да ја одземе надлежноста на овластениот инспектор на Чаир за да може да постапува Државниот градежен инспекторат, вели Марина Kавракова, директорка на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, за „Дневник“.

Меџити: Никој не смее да го урне споменикот на двоглавиот орел

Меџити: Никој не смее да го урне споменикот на двоглавиот орел (Фото: Дневник)

Поврзани вести

Општин Чаир во саботата постави споменик на двоглав орел на кружниот тек во Топанско Поле, по што веднаш следуваше реакција од Градот, од каде што упатиле официјално барање до Државниот градежен инспекторат за негово отстранување.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, за „Дневник“ изјавил дека никој не смее да го урне споменикот, бидејќи двоглавиот орел е симбол на Албанците, и е поставен според Законот за употребата на етничките симболи.

Иако за поставување на споменикот не е изгласана одлука во Советот на општината, Меџити тврди дека тој е легално поставен и дека тој лично донел одлука за тоа по иницијативата на скопската филијала на Организацијата на ветераните на УЧK.

Од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, за „Дневник“ посочиле дека минатиот петок нивни инспектори констатирале дека е подигнат споменик на двоглав орел, по што побарале градоначалникот Меџити да им достави документација дали монументот е легално поставен.

Побаравме Општина Чаир да ни достави дали воопшто има решение, дали Советот донел одлука и дали поставувањето на монументот е во годишната програма на Општината. Им дадовме рок од три дена да ни ја достават целата документација и ако не одговорат, ќе бараме надзор од Управната инспекција за недоставување документи. Ако нема документација, општинската градежна инспекција треба да ја отстрани бесправно поставената градба. Во спротивно, според нашата надлежност, ќе бараме Министерството за транспорт и врски да ја одземе надлежноста на овластениот инспектор на Чаир за да може да постапува Државниот градежен инспекторат – вели Марина Kавракова, директорка на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, за „Дневник“.

Меџити подоцна, за легалноста на споменикот се повикал на стара Одлуката што Советот на Чаир ја донел во 2012 година, Општината да постави повеќе спомен-обележја на својата територија за да се запази мултиетничкиот карактер. Според одлуката, споменици требало да постават Македонците, Албанците, Турците, Бошњаците, односно етничките заедници што живеат во општината. Меџити вели дека  во рамките на таа одлука е и подигањето на споменикот на Хасан Приштина кај ТЦ „Мавровка“, пред две години при одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија.

Меџити смета декаа ако има обид за уривање  на споменикот, прво треба да ги урнат сите нелегално поставени јарболи со државното знаме во земјава и други споменици.

Споменикот на двоглавиот орел е финансиран од Општина Чаир и чини околу 15.000 евра.

Најчитани вести