Уапсен уште еден член на „Самоопределување“

Косовскиот пратеник од редовите на опозициското движење „Самоопределување“, Глаук Коњуфца денеска е уапсен.

Апсењето на Коњуфца е второ во последниве 24 часа, откако полицијата вчера го лиши од слобода и портпаролот на движењето, Фрашер Красниќи.

Коњуфца е упсен врз основа на наредба изадена од Основниот суд во Приштина. Коњуфца, Красниќи и уште 25 други лица се обвинети дека пред шест години оштетиле возило на Мисијата на ЕУ (ЕУЛЕКС), паркирано во центарот на Приштина.

„Самоопредечување“ синоќа оцени дека полицијата го усапсила Красниќи со цел да ги наруши плановите за одржување на утрешниот опозициски митинг во Приштина, кој се организира на осмата годишнина од прогласувањето на независноста на Косово.

Опозицијата го организира митингот во знак на протест против формирањето на Заедницата на српските општини, договорено во ранки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и против Договорот за демеркација на границата со Црна Гора.

Во пресрет на утрешниот опозициски митинг, косовската полиција соопшти дека располага со информации за „можно насилство и за ризици по безбедноста на собирот, кои не исклучуваат и употреба на огнено оружје“.