Германија: Полицијата врши претрес на домови на салафисти

Политичката стабилност клучна за австриските инвеститори
Политичката стабилност клучна за австриските инвеститори

Полицијата во Германија денеска изврши претрес во станови и бизнис канцеларии во Бремен, кои се поврзани со забранета салафистичка група која е под истрага веќе неколку месеци.

Во акцијата учествуваа околу 200 полицајци кои претресоа 12 станови и уште два објекта поврзани со Исламска организација на Бремен.

Таа организација се смета за наследник на друга салафистичка група забранета во 2014 година.

Сите организации кои ја користат таа идеологија во Германија се под надзор на службата за внатрешно разузнавање.

Почната е истрага за 10 од 44 луѓе кои биле на местата каде е извршен претрес. Според властите, 21 човек поврзани со забранетата во 2014 година организација положиле заклетва за верност на Исламска држава.