Дваесет нови фасади во Карпош

Дваесет нови фасади во Карпош
Дваесет нови фасади во Карпош

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска  ја презентираше новата фасада на улицата Јуријг Гагарин, која е првата зграда од најавените три кули во истиот ред на оваа улица.

-Одлучивме да започнеме со  реконструкција на фасадите на зградите долж булеварот Теодосиј Гологанов, од левата страна, односно на улицата Јуријг Гагарин. Започнуваме со фасада на зграда 25 и 35 и продолжуваме по должината од левата страна. Граѓаните добиваат термо изолирани фасади со тоа што зградите се енергетско ефикасни, а најголем дел од станарите ги заменија и прозорците, со што се менуваат и окапниците, каде се добива едно естетско и термичко решение за наредните 20 години. Досега се реконстурирани  шест станбени објекти, а ова е седма зграда по ред – истакна Јакимовски. Инвестицијата на овие две згради е 8.600.000 денари.

zg1

 Општина Карпош ќе продолжи со реализација на термички фасади во делот на населбата Козле како и долж булеварите Илинденска и Партизанска.

 -Наредните 20 згради кои се планираат да се реконструираат се оние во должината на булеварите Илинден и Паризански Одреди, која активност ќе ја најавиме во наредните 40 дена. Оваа година од буџетот на Општина Карпош одвоивме повеќе средства, затоа што гледаме дека има голем интерес кај граѓаните и во исто време, го збогатуваме и разубавуваме урбаното живеење во оваа Општина – заврши првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.