Суд во САД му нареди на „Епл“ да ја пробие лозинката на ајфонот на Саед Фарук

Судот во Лос Анџелес и нареди на американската корпорација „Епл“ да им помогне на иследниците од ФБИ да ја пробијат заштитата на мобилниот телефон, кој е во сопственост на еден од терористите, одговорни за вооружениот напад во градот Бернардино, во американската сојузна држава Калифорнија, минатата година.

Во терористичкиот напад на 2 декември, зад кој стојат Фарук и неговата сопруга Ташфин Малик, беа убиени 14 лица, а 22 беа ранети.

Двајцата напаѓачи беа застрелани во престрелката со полицијата, која следеше по нападот.

Телефонот на Фарук падна во рацете на иследниците, но тие досега не можеа да влезат во податоците, содржани во него, поради лозинката на апаратот.

Решението на судијката Шери Пим бара од „Епл“ да му ги достави на ФБИ неопходните програми потребни за отклучување на телефонот.