Месо старо 40 години се продавало на пазар во Романија

Замрзнато месо старо 40 години се продавало во две продавници на централниот градски пазар во романскиот град Костанца, пишува весникот „Путерја“.

Во статијата се нагласува дека сепак, за среќа ниту еден купувач не купил од месото.

Локалните власти зеле примероците од месото и утврдиле дека тоа било замрзнато на почетокот на 80-те години на минатиот век.

Целото количество на месо е конфискувано и ќе биде уништено.

Сопственикот на продавниците е уапсен, а властите испитуваат како месото, кое најверојатно е од државните резерви, стигнало до пазарот.