Двајца работници повредени во пожарот во зградата на ЕВН

ФОТО: МИА

Двајца работници се здобиле со изгореници од трет степен во пожарот кој вчера избувна во зградата на ЕВН на плоштад Македонија, која е во фаза на реконструкција.

Станува збор за работниците И.С. (35) од Скопје и Д.С. (31) од с.Теово, велешко, кои се пренесени во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

По пружената лекарска помош повредените работници се пуштени на домашно лекување.

Имено, вчера опожарен беше изолациониот материјал и заштитната мрежа (надворешно) околу 10 катови.

Од страна на  пожарникарите пожарот беше локализиран.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.