Сообраќајка во Аеродром, возачот на Ургентен

Тешка сообраќајка се случила денеска околу 11:30 часот во близина на трговскиот центар Капитол Мол во скопската населба Аеродром.

До несреќата дошло кога автомобил со скопски таблички се забил во дрво.

Според првичните инормации возачот на автомобилот се здобил со повреди и е веднаш префрлен на Ургентниот центар каде му е пружена лекарска помош.

Повеќе детали за сообраќајката и состојбата на возачот се очекуваат во текот на денот.