Министерството за транспорт и врски со 600.000 евра за поддршка на Струмица

Дваесет и три проекти во дваесет општини од областа на комуналната инфраструктура во вредност од 7,1 милион евра се реализираат во моментов преку Министерството за транспорт и врски.

Шестнаесет од вкупниот број проекти се однесуваат на изградба на канализациони системи во четиринаесет општини во износ од 5.4 милиони евра како и седум проекти кои се однесуваат на изградба на водоводни системи во износ од 1.7 милиони евра.

Конкретно се работи на проекти за изградба на:фекална канализација во општина Струмица во висина од 591 илјди евра, реконструкција на водоводна мрежа во Ресен во висина од 373 илјади евра, два проекти за изградба на фекална канализација во општина Радовиш, инвестиција од 720 илјади евра, инсталирање на нови водомери со далечинско упоравувањe во општина Пробиштип, инвестиција од 530 илјди евра, Изградба на фекална канализација во населено место Лубница, општина Конче, инветсиција од 200 илјади евра, Изградба на систем за одведување на отпадни води во јегуновце инвестиција од 372 илјади евра,  тек е јавна набавка за инсталирање на нови водомери со далечинско упоравување и во општина Штип, инвестиција од 1,5 милиони евра и уште неколку други проекти преку кој ќе се подобри квалитетот на вода во општините.

-Информираме дека во соработка со Европската инвестициска банка до сега реализирани се 42 проекти за изградба на водоводни и канализациони системи во 37 општини, што претставува инвестиција од 12.4 милиони евра. Министерството за транспорт и врски и понатаму ќе работи на изградба на водоводи и канализации во сите општини во Република Македонија со цел на граѓаните во тие општини да им обезбеди подобри и поквалитетни услови за живеење, информираат од министерството.