петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Бомба автомобил експлодира во Анкара, најмалку петмина загинаа (ВИДЕО)

Според првични информации експлозијата е предизвикана од бомба поставена во автомобил, а цел на нападот било комбе што превезувало војници. Дел од медиумите во Анкара јавија претходно за стотина повредени во експлозијата.

Бомба автомобил експлодира во Анкара, најмалку петмина загинаа

Бомба автомобил експлодира во Анкара, најмалку петмина загинаа

Поврзани вести

Најмалку пет луѓе загинаа, а десетина се повредени во експлозија на автомобил-бомба во центарот на Анкара, јавуваат локални медиуми повикувајќи се на градски и полициски претставници, пренесе МИА.
Според првични информации експлозијата е предизвикана од бомба поставена во автомобил, а цел на нападот било комбе што превезувало војници. Дел од медиумите во Анкара јавија претходно за стотина повредени во експлозијата.

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој, Омер Челик објави на Твитер дека експлозијата одекнала во близина на Парламентот, зградата на Владата  и Генералштабот на турската армија и оти тоа е „акт на тероризам“.

web-ankara-bomb-3-epa

Експлозијата се случила во момент на сообраќаен метеж додека луѓе се враќале од работа. Неколку автомобили се запалени, а на местото на нападот има голем број амбулантни возила, јави локалната НТВ.

Најчитани вести