Чуркин: Турција обучува џихадисти за напади во Русија

Чуркин: Турција обучува џихадисти за напади во Русија
Чуркин: Турција обучува џихадисти за напади во Русија

Постојаниот претставник на Русија при Обединетте нации, Виталиј Чуркин, изјави денеска дека е можно Турција да обучува џихадисти на Исламската држава, не само за да се борат во Сирија, туку и да се префрлат во Русија.

„Наводно, претставниците на Исламската држава, со помош на турските разузнавачки служби, формирале широка мрежа во Анталија за регрутирање на поединци кои доаѓаат во Турција од постсоветские земји, за да учествуваат во конфликтите во Сирија, како и да влезат во Русија“, навел Чуркин во писмото до Советот за безбедност на ОН.

Тој ги именувал и лицата кои регрутираат, меѓу кои се и државјани на Русија и Азербејџан, наведува ТАСС.

Нив ги предводи рускиот државјанин Руслан Растјамовиќ Каибулов, познат како Барис Абдул или под псевдонимот „Учител“. Тој е роден на 1 април 1978 година во Татарстан, тврди дипломатот.

„Тој живее со своето семејство во Анталија, а има дозвола за постојан престој во Турција“, навел Чуркин.

Тој истакнал дека регрутацјата се врши со знаење на администрацијата од привремениот центар за уапсени во Анталија.

„Доколку уапсените се согласат да го прифатат исламот и да се ангажираат во терористички активности, регрутерите ветуваат дека ќе направат договор со турските агенции за спроведување на законот и им нудат бесплатно услуги од турскиот адвокат Тахир Тосолар“, додал Чуркин.

Според него, турскиот државјанин Султан Кекхурасев, кој е со потекло од Чеченија, и ги посетува тие центри за уапсени.