Дали ве плаши Зика вирусот?

Дали ве плаши Зика вирусот?
Дали ве плаши Зика вирусот?

Вирусот Зика го разбранува светот. Кај нас нема забележано такви случаи, откако Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба поради брзото ширење на вирусот.

Експертите велат дека Зика е опасен исто колку и Еболата.

Бројот на заразени нагло скокна од 147 во 2014. година на 2.400 во 2015. година

Се проценува дека во Северна и Јужна Америка следната година би можело да има дури четири милиони случаи заболени од овој вирус!

Последниот случај и прв во САД, забележан е во Тексас. Пациентот во далас најверојатно е заразен преку сексуален однос. Пациентот не патувал во области во кои е забележан вирусот, но партнерот на таа личност престојувал во Венеција.

Во Бразил се забележани 2.700 случаи на бебиња родени со деформитети за кои постојат сомнежи дека се предизвикани од Зика, а властите во Бразил ги повкаа жените да ја одложат бременоста.

Симптомите по заразата се грозница, осип, болка во мускулите и коњуктивитис. Тегобите на најголем дел од заболенте траат до една недела, но, во некои случаи овој вирус може да биде и смртоносен.

Не постои ваккцина

Вирусот Зика се пренесува преку крв, воглавно преку комрци „Aedes aegypti” и „Aedes albopictus”, познати под заедничкиот назив – тигрести комарци.