„Македонски манифест“: Обидите за одлагање на изборите се со крајна цел – уништување на Македонија!

Македонскиот манифест е вознемирен од политичките калкулации и уцени на евроамбасадорот Орав и комесарот Јоханес Хан, што се однесува до официјално објавените за 24 април парламентарни избори во Република Македонија. Одлуката за тие избори е дел од наметнатиот од САД и ЕУ договор во Пржино, со кој наместо да се смири, беше проширена вештачката политичка криза во државата. Обидите за одлагање на изборите се со цел за продлабочување на кризата, и за крај – менување на македонското име, идентитет, официјална федерализација и уништување на македонската држава. Доста ни е веке од американскиот и европскиот геноциден притисок врз македонскиот народ!

Македонскиот манифест се обрака кон меѓународните фактори да не се мешаат повеке во македонската иднина. Истовремено бара од владејачката ВМРО-ДПМНЕ да не подклекнува по никоја цена на уцени и одлагање на изборите, дури и само со еден ден. На малтретирањето со македонскиот народ и македонската држава мора да се стави крај, а душегрижниците од надвор и внатре мора да добијат тоа што заслужуваат.