Ограбена скопјанка на Илинденска

На булеварот Илинден во Скопје, синоќа во 20.50 часот, непознат сторител ограбил 57-годишна скопјанка.

Тој и се доближил, по што ја турнал на земја, ја удрил во пределот на грбот, по што и ја одзел ташната во која имала мобилен телефон, клучеви, паричник со 500 денари и други документи.

СВР Скопје соопшти дека превзема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на настанот.