Почина познат грчки пејач

Познатиот грчки пејач Панделис Панделидис го загуби животот во сообрќајна несреќа која се случила утрово во областа Еленико, во јужниот дел на Атина.

Медицинските екипи сториле се за да го спасат пејачот, но обидите биле неуспешни, бидејќи Панделидис се здобил со тешки повреди во пределот на главата. Двете сопатнички кои биле со него во автомобилот се сериозно повредени и се пренесени во најблиската болница.

Се претпоставува дека до несреќата дошло откако пејачот изгубил контрола врз возилото и истото излетало од патот.

Овој 32-годишен познат грчки пејач, кој зад себе остави голем број испеани хитови, е роден во Атина во 1983  година. Тој е самоук пејач и за да ги оствари своите зацртани цели и да биде она што беше во музичкиот свет, се откажува од кариерата во грчката морнарица и комплетно се посветува на музиката и на музичката кариера.