Велешанец тргнал кон болница, оттогаш му се губи секаква трага

Седумдесет и осумгодишниот Б.А. од Велес исчезнал откако на 14. февруари со такси возило тргнал кон Општата болница во градот.

Неговото исчезнување во полиција го пријавила неговата снаа.

Имено, старецот се симнал од возилото во Градско и му кажал на таксистот дека ќе оди на гости кај неговата внука. Оттогаш му се губи трагата.

Од МВР информираат дека преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.