Бегалците со воз од Гевгелија ќе се носат директно во Прешево

Бегалците со воз од Гевгелија ќе се носат директно во Прешево
Бегалците со воз од Гевгелија ќе се носат директно во Прешево

Бегалците откако ќе влезат на македонска територија со воз од Гевгелија ќе се носат директно во Прешево, Србија. Вака е договорено на денешниот состанок во Загреб на кој од македонска страна присуствуал Горанчо Савевски, директор на Бирото за јавна безбедност.

Договорот за новиот начин на транспорт на бегалците е потпишан денеска помеѓу Австрија, Унгарија, Хрватска, Словенија, Србија, Македонија и Грција.

Земјите потписнички се договориле дека ќе се прифаќаат бегалци само од земји погодени со воена состојба.