Македонија

Обид за подметнување пожар во вилата на Иванов?

Обид за подметнување пожар во вилата на Иванов?

Запалива течност е откриена во близина на вилата на претседателот Ѓорѓе Иванов во Охрид. Течноста била забележана од случаен минувач кој за тоа веднаш ја известил полицијата, објави ТВ Нова.

Надлежните служби уште синоќа излегле на терен и извршиле увид. За среќа не е предизвикана никаква штета, а истрагата за причините и сторителот се во тек.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.