среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Охрид ќе добие нов конгресен центар

ohridsko_krajbrezje-650x261

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ при денешното промовирање на седум нови проекти за младите најави и изградба на нов Конгресен центар во Охрид.

Конгресот е замислен да биде еден од најрепрезентативните конгресни центри во Европа, одлично место за сите видови настани изведен по највисоки стандарди.

-На Охрид како туристички центар, но и на Македонија и недостасува ваков простор со врвно опремени сали, ресторан и паркинг. Конгресниот центар ќе претставува современо место за организирање на голем број младински и конференциски настани, годишни собранија, концерти, конференции на меѓународни асоцијации, корпоративни конференции и различни гала вечери. Предвидени се содржини за 3-4 мултифункционални сали за саемски изложби, состаноци и слично, со капацитет до 150 луѓе, голема сала за најмалку 1000 луѓе, 5-6 помали за билатерални средби, односно капацитет од околу 1500 лица кои во исто време ќе може да присуствуваат во центарот. Ќе има и соодветен ресторан, опрема, аудио и видео контролна соба, интернет, звучна изолација и сите елементи потребни за ваков модерен и современ центар кој најмногу ќе биде користен од младите лица, потенцираше Груевски.

Објектот ќе започне да се гради во првата половина на 2017 година откако ќе бидат преземени подготвителни активности за вцртување во деталниот урбанистички план на Охрид, изработка  на проекти и избор на изведувач.

Проектот ќе чини 10 милиони евра, а Конгресниот центар ќе биде лоциран на само 15 минути од аеродромот во Охрид, во населбата Даљан.

Најчитани вести