Трамп: САД се виновни за создавањето на Исламска држава

Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп истакна дека американските власти се виновни за создавањето на терористичката групација „Исламска држава“.

Според него, инвазијата на Ирак во 2003. година целосно ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток, што доведе и до појава на ИД.

“Токму со војната во Ирак започна дестабилизација на Блискиот Исток”, изјави милијардерот на средба со избирачи во државата Јужна Каролина.

Тој додаде дека тоа е најлошото решение што некогаш го земала владата на некоја земја, што доведе до појава на ИД, како и до вооружените конфликти во Либија и Сирија.

Трамп за тоа го  обвини 43-тиот претседател на САД Џорџ Буш помладиот, кој беше на чело на државата од 2001 до 2009 година.

Токму тој го направи тоа “катастрофално решение”, изјави Трамп.

И до сега никој не знае зошто била инвазијата на Ирак, кажал тој.

Трамп исто така потенцира дека нападите на 11. септември 2001. година воопшто не се извршени од Ирачаните, како и дека во земјата не било пронајдено никакво “оружје за масовно уништување.