Почина родилка во болницата во Прилеп

Почина родилка во болницата во Прилеп
Почина родилка во болницата во Прилеп

Жена починала ноќеска при пораѓање во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп.

21 годишната Симона Блажевска починала ноќеска околу 1.50 часот. Таа породила спонтано и донела на свет здраво машко бебе тешко 3.170 килограми.

Засега од болницата и од Министерството за здравство нема други детали за случајот. Директорот на болницата Петар Ристески вели дека навреме биле преземени сите потребни мерки за да се спаси нејзиниот живот.

Во тимот на лекари кои се обидувале да го спсат нејзиниот живот манот биле ангажирани четворица гинеколози, двајца анестезилози, а подоцна се вклучил и уролог.

– Жената е примена на гинеколошкото одделение во 10 часот и се породила во 13.45 минути. Во добра општа состојба е префрлена на одделение, но околу 19.15 минути се пожалила на болки и состојбата и се влошила. Преземени се сите мерки и направено е се што треба според медицинските протоколи во третманот на пациентката но сепка во 01.50 часот е констатирана смрт – вели Ристевски.

Обдукцијата дополнително треба да ги открие вистинските причини за смртта на родилката.