Анкета: Барни Сандерс прв пат пред Хилари Клинтон

Резултатите од последната национална анкета на ТВ каналот „Фокс њуз“, спроведена овој месец покажуват дека Барни Сандерс прв пат има предност пред Хилари Клинтон во трката за номинирање на кандидат на Демократската партија за претседателските избори во САД.

 

Според анкетата, 47 отсто од избирачите кои ја поддржуваат Демократската партија, својот глас го дале за сенаторот од Вермонт Сандерс, додека еден месец претходно поддршката за него изнесуваше 37 проценти.

Во февруари поранешниот државен секретар Клинтон има поддршка од 44 отсто, при што е забележан пад од пет отсто во однос на јануари.

Анкетите на „Фокс њуз“ од минатото лето покажуваа дека Клинтон имала предност од 46 отсто пред Сандерс, а пред два месеци нејзината предност се намали на 22 отсто.

Следниот круг од внатрепартисите избори на демократите ќе се одржи во сабота во Невада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.