21.350 денари изнесувала просечната плата во јули

Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јули годинава изнесувала 21.350 денари и во однос на јули лани е повисока за 1,6 проценти.

Зголемениот износ се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „градежништво“ за 9,6 проценти, „стручни, научни и технички дејности“ за 9,5 проценти и „административни и помошни услужни дејности“ за 6,8 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите „рударство и вадење камен“ за 6,8 проценти, „земјоделство, шумарство и рибарство“ за 3,5 проценти и „преработувачка индустрија“ за 2,7 проценти.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули годинава изнесувала 31.245 денари. Во јули 2014 година, 1,2 проценти од вработените во Република Македонија не примиле плата.