21 декември неработен ден за припадници на турската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 21 декември 2014 година (недела), Денот на наставата на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија им го честита Денот на наставата на турски јазик.