21 доктор во октомври заминуваат на специјализација во странство

Вкупно 21 доктори од повеќе клиники низ Македонија од октомври заминуваат на специјализација и супспрецијализација на реномирани клинички центри во Европа.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска им ги додели решенијата за специјализација на докторите кои ќе специјализираат во Белград, Загреб, Љубљана и Нинберг.

Од нив 19 доктори ќе заминат на специјализација на клиниките за гинекологија и акушерство, офтомологија, радиодијагностика и многу други, а двајца од нив ќе заминат на субспецијализација по кардиохирургија.

Ресорниот министер нагласи дека годинава вкупно 25 доктори се упатени на специјализации во странство, односно дека четири доктори веќе заминале на специјализација во Нинберг, Германија во април годинава.

-Продолжуваме со реализација на овие специјализации со цел усовршување на кадарот во здравествените установи и подобрување со што ќе се подобрат здравствените услуги во Македонија, истакна Тодоров, кој додаде дека новите методи кои ови едеоктори ќе ги научат во странство, ќе го намалат бројот на пацинети кои се испраќаат во странство на лекување.

Тој додаде и дека во нередниот период дополнително ќе бидат испратени уште неколку специјализанти на клиниките во Турција.

Докторите кои во октомври заминуваат на специјализација се од клиничките болници во Штип, Велес, Битола, ГОБ „8-ми Септември“, Универзитетската клиника за кардиохирургија и од болницата „ Св. Еразмо“ од Охрид.