Очната клиника воведе нов метод за лекување на рожницата

Очната клиника воведе нов метод за лекување на рожницата
Очната клиника воведе нов метод за лекување на рожницата

На  Универзитетската клиника за очни болести, за првпат се воведува нова метода за леување на рожницата – крослинкинг, со што кај пациентите се спречува прогресијата на диоптријата, како и ќе се превенира кератопалстика, односно пресадување на рожницата.

Ова денеска го најавија директорот на болницата, д-р Илијаз Исмаили и министерот за здравство, Никола Тодоров.

Македонските пациенти, оваа метода ќе може да ја користат на товар на Фондот за здравство, со тоа што ќе платат само патриципација за изведента интервенција.

DSCN2142

Токму за оваа процедура е направена нова операциона сала со нова опрема, за која се потрошени 10 милиони денари.

Очекувам дека по воведувањето на оваа метода ќе може да се изведат околу 30 вакви интервенции во текот на годината и на тој начин да се превенираат односно да се спречат посериозни операции на кератопластика што е од особено значење за помладата популација, рече Тододров.

Крослинкинг методата и досега се применувала во Македонија, но само во приватните болници.

Д-р Александар Дракулевски, економскиот директор на болницата истакна дека ова е голем успех за јавното здравство.

„Како резултат на макотрпната работа на тимот на вработините во болницата за очни болети и соработката со министерството за здравство, се воведе нова метода крослинкинг или зајакнување на рожницата на окото. Оваа придобивка предвидено е годишно да ја користат околу 30 пациенти, но сепак постои капацитет и за зголемување на бројот, посочи Дракулевски.DSCN2143

Методата крослинкинг, која се корити пред кератопластика, што претставува сериоза оперција, е воведена заедно со доктор од Бугарија, експерт во оваа област, кој прв ја вовел оваа процедура во својата земја.

Со новата современа опрема на Очната клиника, може да се дојде до рано откривање и дијагностицирање, што пред се’ е најбитно за превенција и успешност при лекувањето.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.