Границата со Србија не е затворена, се прави профилација на бегалците

Србија не ја затворла границата со Македонија, како што се шпекулираше во некои српски медиуми, објави „Танјуг“.

Шефицата на Бирото на српското МВР, Билјана Поповиќ, за „Танјуг“ посочила дека Србија почнала да го применува вчерашниот договор на директорите на полициите од земјите во регионот, со што се предвидува заедничко регистрирање на бегалците на грчко-македонската граница и оргаизирање на нивни превоз до Австрија.

„Од денеска се врши прфилација на мигрантите од страна на сите потписници на споменатиот протокол, што подразбира посилна контрола на границата со цел спречување на илегалн миграција“, рекла Поповиќ.

Со договорот е предвидено да се врши идентификација и земање на биометриски податоци на мигрантите, за да се одреди дали доаѓаат од земји во кои им е загрозен животот, како Сирија, Ирак и Авганистан.