ЕКСПЕРТИ: Заев сака власт без избори, секое изборно соочување ќе значи политички крај за раководството на СДСМ

Науновски додава дека оваа вештачка политичка криза е резултат на нелегални активности кои државата веднаш требаше да ги спречи преку Уставот и законите.

Кривично дело е објавување на приватни телефонски разговори, и тие требаше да бидат запленети и уништени од државата, а оние кои ги објавуваа требаше да бидат санкционирани според позитивните законски прописи кои се децидни за овој тип на кривични и прекршочни дела. Требаше Македонската држава да се поштеди себеси, да не спаси нас, да се издигне над политичкиот компромис кои добронамерно беше направен од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, како што гледаме, тие од раководството на СДСМ нема да престанат, напротив, како уште за се засилуваат. Мора да се стави крај на сето ова, со консензуално, семакедонско гласање на 24 Април против ова раководство на СДСМ, и ефективно дејство на системот против кривични дела наведени во законите. Никако и никој што и мисли добро на нашата држава не смее да дозволи да се одложат изборите на 24 Април, затоа што Македонија и премногу дозволи против себе самата и најдлабоките национални интереси. Ние, секој од нас поединечено, премногу им дозволивме на недемократските методи, на кривични дела да не преокупираат и блокираат во економијата и другите политики за добро на граѓаните на РМ. Ризичната безбедносна состојба е токму тоа што државата не ги заплени и уништи т.н. бомби, но крајот на оваа валкана политичка игра ќе дојде наскоро, на денот на гласањето, кога Македонците јасно ќе покажат дека се слободни и сакаат демократска држава, не диктатура на октроирана, некаква црпната, тотаталитаристичка власт. По политичката казна на изборите, очекуваме потоа и правосудна процедура за одговорните за оваа вештачки создадена политичка и безбедносна криза. Долга е раката на Македонската правда, заклучува Науновски.

Каракамишева-Јовановска: Суверенитетот на граѓаните е највисоката, суверената власт во државата

Универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска смета дека Заев и тие неколкумина околу него, инсистира(ат) да нема избори, затоа што после избори Заев и неговите измеќари ќе ги нема од политичката сцена, ќе бидат запишани како поранешни, но не и сегашни политичари во земјата.

Секое изборно соочување, кое сите ние знаеме каков краен резултат ќе донесе, ќе значи политички крај на лидерот и на раководството на СДСМ. Овој пат изборниот резултат нема да биде поразителен за СДСМ, овој пат изборниот резултат ќе биде катастрофален за СДСМ. Кога сите во СДСМ, а посебно раководството го знаат овој факт, тогаш е тешко да се најде маж кој би кажал добро ајде да одиме на избори па што биде нека биде, вели Каракамишева- Јовановска.

Таа додава дека изборните резултати не се создаваат со местенки, со фабрики за афери, со манипулации, со закани, со лажна еуфорија.

Изборните резултати се секогаш производ на многу голем вложен и напорен труд, многу голема политичка енергија, многу реализирани проекти, многу грижа за секој еден во државата. А што од сево ова може да и се припише на СДСМ? Што СДСМ направи во сиве изминати години од осамостојувањето на РМ до денес за граѓаните на државата и за самата држава? Со што СДСМ може да се пофали пред граѓаните? Со привременото име на државата кое го променија без никого од нас да прашаат, со променетото знаме на државата кое го сменија без повторно никого од нас граѓаните да не прашаат, со негрижа кон македонските државјани што живеат во другите земји, со најголемиот процент на невработеност што државата го памети во сопствената историја, со нула странски инвестиции кои ќе создаваат нови добра за државата, со најголемиот број испуштени работници од најкриминалната приватизација на општествениот капитал во регионот, а веројатно и пошироко, со катастрофалната територијална касапница на државата, со што?, вели Каракамишева- Јовановска за „Курир“.

Универзитетската професорка додав дека СДСМ е навикната да функционира во политиката на грбот на другиот. Секогаш користи друг, за да дојде на власт. Така беше 2002, така беше 2015.

Да не одиме и наназад во годините. Сплетките, малверзациите, подметнувањата, политичките калкулантства не се карактеристични за ВМРО-ДПМНЕ. Тие се лице и опачина на делувањето на СДСМ. Зошто? Многу едноставно. За проекти, за инвестиции, за добри политички и економски понуди и програми во корист на граѓаните, треба многумина да седнат да работат, да бидат способни да сработат и да продолжат со нови понуди. И најважно од се е што треба да знаат како се работи. СДСМ не е навикната да работи. Во СДСМ има многу луѓе што не знаат што треба една политичка партија да работи. Затоа, тие се најсилни во услови на политичка криза. Во криза се најгласни, најголеми борци за филозофија. Во криза никој не бара од нив резултати, понуда, програма. Затоа бегаат од избори, затоа форсираат сценарија кои ќе ја влечат кризата до недоглед. За да остане земјата во криза, тие се подготвени и со црниот Ѓавол да се здружат само и само да им успее сценариото. За Заев и останатите нивниот личен политички крај треба да значи и крај на државата, крај на сите други кои не мислат како нив. Оттаму се подготвени на се, само не на она што согласно демократијата е нормално.  Од друга страна, сигурноста што г. Заев ја презентира пред јавноста дека наводно целиот странски фактор стои зад него е потврда на сето горе наведено. Внимавајте, политичар во Република Македонија не вели дека народот стои зад него, туку се фали дека странските амбасадори стојат зад него. Крчмарот вели есапот ми е добар, есапот ми е супер, иако откога е отворена крчмата немам ниту еден влезен гостин. Во таков случај што е сценариото. Или некој друг однадвор ти плаќа за се, па не гледаш дека жива душа немаш во крчмата, или крчмата си ја дал под наем без никој да знае за тоа. Значи, ако мнозинството од граѓаните не ја сакаат крчмата на Заев, тоа е загрижувачка состојба која не може да се „испере“ со ништо. Па макар цела амбасадорска чета е построена мирно. Амбасадорите не гласаат, тие не одат на избори. Тие немаат право да гласаат во Република Македонија, а уште помалку имаат право да ја водат државата и да одлучуваат кога ќе има избори. Тоа мора да му биде јасно на секој што се занимава со политика, вели Каракамишева Јовановска.

Според неа…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.