понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 43

Во патна структура во источниот регион инвестирани над 430 милиони евра

misajlovski-640x360

Последни вести

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловки денеска оствари работна посета на Штип каде истакна дека изградбата на патната инфраструктура во Источниот регион е еден од приоритетите на оваа Влада.

-Во моментов градиме еден нов автопат и еден екпресен пат од Велес до Штип, а во наредниот период ќе започнеме со изградба на уште три еспресни патишта и реконструкција на неколку регионални патни правци. Конкретно во овој регион  инвестираме преку 430 милиони евра само во патната инфраструктура, истакна Мисајловски.

Тој посочи дека добра вест за Истокот е и тоа што веќе е објавен тендерот за изградба на експресниот пат Штип – Радовиш.

-Очекуваме некаде првата половина на оваа година да започнеме со изградбата. Дел од трасата ќе биде сосема нов пат, дел  ќе се гради на постојаниот пат кон Радовиш. Како што знаете средствата за изградба на овој експресен пат веќе се обезбедени од ЕБРД, проценетета вредност е околу 64 милиони евра. Очекуваме изградбата да трае околу 2 години. Исто така оваа година ќе започнеме со изградба на уште еден експресен пат во овој регион а тоа е експресниот пат од Штип до Кочани во должина од 26 километри.  И за овој пат веќе објавивме тендер за изградба за 1 фаза и тоа од Штип до Крупиште, бидејќи патот планираме да го градиме во две фази. Некаде првата половина од оваа година планираме да започнеме со изградба. Во тек е и тендер и за експресниот пат од Крива Паланка до Ранковце, прва фаза во вредност од 37 милиони евра, за отпирлика од 6 месеци ќе се објави тендер и за останатиот дела така да напоредно ќе го градиме целиот пат, вкупна инвестиција од 78 милиони евра, потенцираше министерот за транспорт и врски.

Тој додаде дека потпишан е договор за реконструкција на регионалниот пат од Кочани до Делчево во должина од 30 километри, а во втората половина од оваа година планирано е да се започне со реконструкција и на регионалните патишта од Пробиштип до ски центарот Пониква инвестиција од околу 5 милиони евра и од Тораница до Саса инвестиција од 10 милиони евра.

Мисајловски со градоначалникот на Штип Илчо Захариев и директорот на ЈП„Државни патишта“ Александар Стојанов го пуштија во употреба локалниот пат кој е со должина од 2, 2 километри и инвестиција од 15 милиони денари.

misajlovski1

-Овој локален пат е дел од проектот на Владата за реконструкција на локалната патна мрежа во Република Македонија што го реализираме од 2010 година и го завршивме оваа година. До сега изградивме или рехабилитиравме 404 локални патишта со вкупна должина од околу 730 километри и инвестиција од околу 65 милиони евра, посочи Мисајловски.

Воедно тој посети и дел од трасата на новиот автопатот Скопје до Штип истакнувајќи дека активностите течат согласно планираната динамика.

Најчитани вести